Јаго Аспас е синоним за лојалност

Навивачите на Селта Виго го добија најдобриот божиќен подарок што можеа да го посакаат – откако клубот денеска објави дека е потпишан нов договор со капитенот Јаго Аспас.

Актуелниот договорот на одличниот голгетер истекуваше на крајот од сезонава, но тој денеска потпиша нов со важност до јуни 2026 година. Ако се знае дека во моментот на истек на новиот договор тој ќе има 39 години, јасно е дека цел на Аспас е да остане во омилениот клуб до крајот на својата кариера.

Јаго е легенда на Селта, тој беше член и на младинската школа на овој тим, а во 2013 година потпиша за Ливерпул, се со цел да го спречи бранкротот што му се заканување на прволигашот од Виго. Две години подоцна, Аспас се врати во Селта, останувајќи дел од овој клуб иако неколку години по ред добиваше понуди од пореномирани клубови.

Јаго Аспас досега има одиграно 509 натпревари за Селта, постигнувајќи 210 голови и 82 асистенции.

Се вчитува...