Гвардиола станува очаен: Ми требаат 50 фудбалери…

Пеп Гвардиола никогаш досега во кариерата се нема соочено со ваква резултатска криза, Манчестер Сити по вторпат врза три порази во низа, а формата на „граѓаните“ е и повеќе од загрижувачка ако се знае дека овој тим има девет порази на последните 11 средби во сите натпреварувања.

За Гвардиола нема дилема, главна причина за ваквиот резултатски пад на неговиот тим е огромната криза со повредени играчи на чело со Родри.

„Имаме повеќе повреди од било кога во минатото. Размислував, ми треба екипа со 45 или 50 фудбалери, се помалку би било недоволно. Разбирам дека би било скапо, но ако го видите нашиот распоред ќе разбрете дека е неопходно. Проблемот н е ниту во лекарите ниту во физиотерапевтите, само во календарот“, изјави Гвардиола.

Тој застана во одбрана на Ерлинг Халанд откако дел од медиумите ја посочија слабата голгетерска форма на Норвежанецот како главна причина за кризата на Сити.

„Проблемот не е во еден играч, туку во целата екипа, исто како што заслугите за нашите успеси лани не беа само на Халанд, туку на целиот тим. Прелесно би било да кажам дека еден играч е проблем, но тоа едноставно не е точно“, истакна трофејниот стратег.

Се вчитува...