Кошаркарите на Феникс со голема победа над Работнички на домашен терен од 73-71 во меч од 12. коло во Првата лига на Македонија ја завршија 2024 година.
Во првата четвртина двете екипи играа одлично во одбраната па по десет минути игра домаќините имаа предност од само плус два 16-14. Гостите од „Градски парк“ одиграа фуриозно во втората четвртина во која успеаја да постигнат дури 27 поени, па на пауза меѓу двете полувремиња да заминат со двоцифрена позитива од 31-41.
Во вториот дел домашниот тим одигра одлично и успеа да направи целосен пресврт и на крајот да слави со конечни 73-71. Благој Димитриев со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 16 поени на Андреј Шошкиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА