Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје очекувано стигна до убедлив триумф на домашен терен против Шкупи од 90-54 во 12. коло во Првата лига, што воедно беше и последен меч за двата тима во оваа 2024 година.
Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се надева дека може да стигне до поволен резултат. Андреј Маслинко со 16 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените по 15 постигнаа Трибл и Вилијамс.
Помалку и изненадувачки до лесна победа стигна МКК Куманово на домашен терен против лидерот до ова коло ТФТ од 78-59. Гостите само во првиот период покажаа добра игра, па по десет минути имаа негатива од само три поени 18-15. Во вториот дел Куманово за првпат стигна до двоцифрена предност (31-20) која успеа да ја задржи до самиот крај за конечен триумф од 78-59. Урош Луковиќ со 25 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Гафни и Говенс постигнаа по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА