Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија, на свечена церемонија во Националната опера и балет, вечерва ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024 година.
Традиционалната манифестација „Спортист на годината“ оваа година одбележа 70-годишен јубилеј. Признанието спортист на годината за 2024 му припадна на кикбоксерот Бобан Илиоски, европски шампион во категоријата до 86 кг. на ЕП во Атина. Најдобра спортистка за 2024 година е таеквондистката Милијана Рељиќ, македонска олимпијка и четвртфналистка од Олимписките игри во Париз.
Добитници по категории:
Спортист на годината: Бобан Илиоски (кикбокс)
Спортистка на годината: Милијана Рељиќ (таеквондо)
Најуспешен млад спортист: Силвио Мировски (кикбокс)
Најуспешна млада спортистка: Ива Младеновска (ракомет)
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија – сениорки
Најуспешен машки национален тим: Ракометна репезентација на Македонија – сениори
Најуспешен тренер/селектор: Кирил Лазаров (ракомет)
Најуспешна национална спортска федерација: Македонска таеквондо федерација
Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска Бикова (стрелаштво)
Најуспешна спортска екипа од Универзитетите: Машкиот кошаркарски тим на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта: СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта: ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА