Aлкараз: Му кажав на Анчелоти можам да играм крило во Реал Мадрид

Откако Рафаел Надал, кој иако е роден во нивното соседство и  вујко му беше стопер во Барселона, никогаш не криеше дека Реал Мадрид му е во срцето, сега приказната се повторува со уште една шпанска тениска мега ѕвезда.

Навивач на кралскиот клуб е и Карлос Алкараз, а тоа го потврди за шпанските медиуми велејќи дека може да игра како крило во кралскиот клуб.

„Јас сум подготвен! Можам да играм на левото крило. Анчелоти ми кажа дека има место за мене. Ме чека дресот. Можам да влезам во средината и да постигнам и гол“, изјави Алкараз. 

Единствен проблем може да биде фактот што Реал е најсилен на таа позиција. На него се и Мбапе и Винициус.

Се вчитува...