Мејведер на двегодишниот внук за Божиќ му подари зграда вредна 20 милиони долари (ВИДЕО)

Познатиот американски боксер, Флојд Мејведер на својот двегодишен внук за Божиќ му подари зграда во познатата Шестта авенија на Менхетен во Њујорк.

Зградата се наоѓа во познатиот дијамантски дистрикт и истата деловни простори, дуќани за дијаманти и чини 20 милиони долари.

„Кога бев млад, купував во тој дуќан. Не можев ни да сонувам дека еден ден ќе бидам сопственик на тоа место. Се е можно кога си посверен и напорно работиш“, изјави Мејведер.

Се вчитува...