Луис Енрике го продолжи договорот со ПСЖ, но францускиот клуб официјално не ја потврди соработката со шпанскиот стратег. Парижани не се сомневаат за неговите квалитети како стратег, но 54-годишникот прво мора да потврди дека е вистинскиот избор за долги стази.
За „опстанок во клубот“ му се потреби победи во Лигата на Шампионите во месец јануари на дуелите во Манчестер Сити и Штутгарт, натпревари од кои ќе зависи иднината на ПСЖ во елитното натпреварување со оглед на тоа што досега „светците“ освоија само седум од можните 18 бодови со кои се на 22. место на табелата.
Елиминација од Лигата на Шампиони ќе значи и отказ за Луис Енрике и покрај тоа што ПСЖ доминира во француското првенство. Раководството на клубот останува со највисоките цели, а тоа е трофеј во најелитниот фудбалски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА