Гвинеја со нов селектор против Македонија на СП

Еден од противниците на Македонија на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, репрезентацијата на Гвинеја го промени селекторот на две недели пред почетокот на шампионатот.

Нов селектор на оваа африканска репрезентација е Кевин Деко кој ја водеше женската репрезентација на Тунис. Деко на клупата на Гвинеја седнува на местото на Брахим Лага.

Деко пкорај женската репрезентација на Тунис во кариерата водеше и неколку француски клубови.

Се вчитува...