Штипска Брегалница го договори првото засилување за пролетниот дел од сезоната, 23-годишниот Стефан Бабунски кој доаѓа од редовите на Детонит Плачковица.
Бабунски игра на крилните офанзивни позиции, наметнувајќи се како еден од најдобрите фудбалери во второлигашката конкуренција изминативе години.
Претходно во својата кариера има настапувано и за екипите на Еуромилк ГЛ, АП Брера и Каменица Саса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА