Македонскиот кошаркарски стратег Заре Марковски по само 50 дена откако беше именуван за нов тренер на Естра Пистоја, ја заврши соработката со италијанскиот прволигаш.
Марковски на клупата на Естра Пистоија дојде на почетокот од ноември, и по нецели два месеци клубот денеска официјално информираше дека е прекината соработката со македонскиот тренер.
Поранешниот селектор на Македонија претходно во италијанската кошарка дебитираше уште во 1991 година на клупата на Динамо Сасари. Во овој клуб Марковски работеше и за последен пат во 2018 година.
Од Естра Пистоија информираа и дека на местото на Заре Марковски веќе е именуван нов тренер, Гашпер Окорн, селектор на унгарската репрезентација, кој утрово пристигна во Пистоја, иако нема да биде на клупата за неделниот натпревар против Бреша.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА