Македонскиот фудбалер Антонио Илиески кариерата ја продолжува во косовскиот прволигаш Феризај.
28-годишниот Илиески, кој игра на централната дефанзивна линија, изминатава полусезона беше дел од екипата на Воска Спорт, а сега продолжува во косовскиот шампионат.
Претходно во кариерата настапуваше и за екипите на Еуромилк ГЛ, Гостивар, Тиквеш, Ренова, како и Фљамуртари, Валона и Кукс во албанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА