Мајами триумфираше со 89-88 против Орландо изминатава ноќ во НБА лигата остварувајќи ја втората едноподруго победа.
Победата на Мајами ја донесе Тајлер Хиро со кошот во последната секунда, кој и беше најефикасен во победничката екипа со 20 поени. Алек Беркс постигна 17 поени со шест скока, а Хајме Хејкс имаше 15 поени и пет украдени топки.
Сепак, мечот ќе остане забележан и по повредата на српскиот репрезентативец Никола Јовиќ кој по повреда на зглобот играта ја напушти на почетокот од последната четвртина, завршувајќи со осум поени, пет асистенции, четири скока и три украдени топки.
Кај Орландо се издвои Џејлен Сагс со 29 поени.
Атланта го победи Чикаго со 141-133 во натпревар во кој во преден план беа Тре Јанг со 27 поени и 13 асистенции, како и Џејлен Џонсон со 30 поени и 15 скока. На спротивната страна Зек Лавин запиша 37 поени, а Никола Вучевиќ – 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

