Значајната победа на Вест Хем на гостувањето против Саутемптон во Премиерлигата мина и под сенка на сериозната повреда на голманот Лукаш Фабијански.
Фабијанска настрада по еден дуел со Нејтан Вуд и по долгата лекарска интервенција, беше повлечен од теренот на носилка.
Менаџерот на гостинскиот тим Хулен Лопетеги информираше дека, сепак, ситуацијата со Фабијански сега е далеку подобра иако јасно ќе мора да паузира од терените.
„Фабијански доби силен удар во пределот на главата и вратот. Бевме уплашени, но најважно е што сега е далеку подобар. На почетокот бевме многу позагрижени, но неговата актуелна состојба не потсмири“ – изјави синоќа Лопетеги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА