Неверојатниот испад на српскиот тренер Дарко Рајаковиќ ги одбележа синоќешните натпревари во НБА лигата.
Рајаковиќ, кој е тренер на Торонто, во еден момент од мечот со Мемфис на кој неговите кошаркари загубија со 155-126, тотално „полуде“ обидувајќи физички да се пресмета со судиите.
Рајаковиќ во еден момент од четвртата четвртина не беше задоволен со одлуката на судиите да не досудат прекршок, по што се обиде да дојде до судиите. Од неговите кошаркари беше спречен физички контакт и веројатно потежок инцидент. Тренерот на Торонто веднаш потоа беше отстранет од теренот.
“CALL THE F*CKING FOUL! CALL THE F*CKING FOUL!”
Raptors coach Darko Rajakovic exploded at the officials and was ejected during the 4th quarter vs. the Grizzlies.pic.twitter.com/DThJUnHQ4w
— ClutchPoints (@ClutchPoints) December 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА