Маркус Рашфорд и дефинитивно заминува од Манчестер јунајтед, а веќе, како што пренесуваат англиските медиуми, дефинитивно е одбран и новиот клуб каде ќе ја продолжи кариерата.
Имаше серија понуди од Шпанија, Турција и Саудиска Арабија, за да на крај Рашфорд се одлучи да продолжи во Барселона, тимот на кој му се восхитува уште од детството.
И шпанските медиуми пренесуваат дека од Барселона сакаат да го донесат во своите редови, но останува наредниот период детализирање на договорите меѓу клубовите. Проблемот е што Каталонците не се финансиски стабилен клуб во моментов, а Манчестер Јунајтед за услугите на својот фудбалер бара 45 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА