Реал Мадрид го менува името на стадионот

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид одлучил да го смени името на својот стадион, поточно да го скрати. Наместо „Сантијаго Бернабеу“, во иднина за комерцијални цели ќе се вика само „Бернабеу“, без Сантијаго кој е легендарен играч и поранешен претседател на клубот.

Реал Мадрид засега молчи по ова прашање, а промените се само во одредени маркетинг кампањи. Обиколката на стадионот ќе се вика „Турнеја на Бернабеу“. Истото ќе се случи и со рекламите на стадионот. Дефинитивната промена треба да се случи по Собранието на акционери, кои треба да дадат зелено светло за оваа промена.

Се вчитува...