Фудбалерот на Реал Мадрид и бразилски репрезентативец Винициус Жуниор е прогласен за најдобар светски фудбалер во изборот „Глоуб Сокер“. Бразилецот во изборот беше подобар од Родри од Манчестер Сити.
Кај дамите очекувано наградата и припадна на Аитана Бонмати од Барселона. Покрај наградта за најдобар фудбалер Виницус ја освои и таа за најдобар напаѓач. Најдобар тренер е Крало Анчелоти, додека најдобар клуб Реал Мадрид.
Најдобар фудбалер: Винициус Жуниор (Реал Мадрид)
Најдобар играч од средниот ред: Џуд Белингем (Реал Мадрид)
Најдобар напаѓач: Винициус Жуниор (Реал Мадрид)
Најдобра фудбалерка: Аитана Бонмати (Барселона)
Најдобар машки клуб: Реал Мадрид
Најдобар женски клуб: Барселона
Најдобар тренер: Карло Анчелоти (Реал Мадрид)
Најдобар млад талент: Ламин Јамал (Барселона)
Најдобар фудбалски агент: Жорж Мендеш (Португалија)
Најдобар спортски директор: Пјеро Аусилио (Интер)
Најдобар играч од блискиот исток: Кристијано Роналдо (Ал-Наср)
Најдобар тренер од блискиот исток: Жорж Жезус
Најдобар клуб од блискиот исток: Ал-Аин
Награда „Диего Армандо Марадона“: Џуд Белингем (Реал Мадрид)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

