Легендарниот турски тренер Фатих Терим, кој е победник на Купот на УЕФА во 2000 година со Галатасарај, го презеде Ал-Шабаб, објави саудискиот клуб.
Терим (71) ќе го замени Португалецот Виктор Переира како тренер на клубот од Ријад, кој е моментално шести во шампионатот на Саудиска Арабија.
Покрај тоа што на турскиот фудбал му ја донесе единствената титула на европска сцена, Терим освои и осум првенствени титули со Галатасарај. Тој беше отпуштен како тренер на Панатинаикос на крајот од минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

