Барселона активираше „план-Б“ за Дани Олмо

Во Барселона се уште мака мачат со регистрацијата на Дани Олмо за вториот дел од сезоната.

Каталонците доживеаја нов удар бидејќи Стопанскиот суд во Барселона соопшти дека не ја одобрил регистрацијата на поранешниот фудбалер на Динамо и Лајпциг. Барселона ќе се обиде повторно во понеделник, кога ќе поднесе нова тужба против Ла Лига до првостепениот суд

Во меѓувреме Марка објави нов текст под наслов „Барселона го активираше планот Б за Олмо“. и откри дека каталонскиот гигант очигледно има решение.

„Олмо е мирен. Барселона има план Б, а ќе има и план Ц, ќе имаат планови колку што треба за да го решат овој проблем до 31 декември. Можно е спонзорите да помогнат со поголема улога, можно е клупските директори да дадат пари, сите тие опции се отворени“, вели Марка.

И додека во Барселона се борат со прописи и закони, Олмо одмора во САД каде го следеше НБА натпреварот помеѓу Милвоки Бакс и Бруклин Нетс.

Се вчитува...