Јусуф Нуркиќ тргна да шамара противник, па доживеа нокаут (ВИДЕО)

Центарот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ беше еден од актерите во тепачката на натпреварот помеѓу неговиот Феникс Санс и НБА вицешампионот Далас Маверикс.

Инцидентот се случи во третата четвртина од дуелот кој се играше во саботата рано наутро по средноевропско време, при резултат 60-44 за Далас.

Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал бесно тргнаа еден кон друг. Директна причина беше прекршокот на Нуркиќ во напад, по што Даниел Гафорд се најде на паркетот.

Бесниот Маршал со раце ги допре градите на центарот од Тузла, кој потоа го удри со отворена тупаница. Маршал возврати со тупаница, но потоа влетаа судиите и кошаркарите на двата тима во обид да ја смират тензијата.

Се вчитува...