Промаши шут за победа на МЗТ против Цедевита јуниор, па потпиша договор со хрватскиот клуб

Доскорешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Брендон Слај потпиша договор со хрватскиот АБА 2 лигаш, Цедевита јуниор.

Интересно е тоа што Слај беше трагичар за македонскиот шампион во одлучувачкиот меч против Цедевита јуниор за пласман во втората фаза од новата сезона во второто по ранг европско натпреварување.

Слај е донесен во Цедевита како би му помогнал на хрватскиот клуб за што подобар пласман во АБА 2 лигата и борба за влез во регионалната елита.

 

Се вчитува...