„Трент му кажал на Ливерпул дека сака само во Мадрид“

Шпанските медиуми започнаа засилена кампања да го „доведат“ Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид. Според Марка, играчот го известил Ливерпул дека сака да ја промени средината и да се пресели во Мадрид.

Шпанскиот весник тврди дека големиот пресврт се случил за време на последниот обид на Ливерпул да ги затвори преговорите за продолжување на договорот со Трент Александер-Арнолд.

Договорот на Трент со Ливерпул истекува на крајот од актуелната сезона, а од 1. јануари ќе може слободно да преговара со други клубови.

Многу се пишуваше и зборуваше не само за останувањето на Александар-Арнолд, туку и за статусот на Мохамед Салах и Вирџил ван Дијк, а што се однесува до самиот Трент, според неофицијални информации, тој „заглавил“ во преговорите околу платата.

Се вчитува...