Терзиќ кариерата ја продолжува во Иран?

Летово Един Терзиќ не го продолжи договорот со Борусија Дортмунд со која ги освои Купот и Суперкупот на Германија, но и во последното коло од сезоната 2022/23 ја пропушти титулата во Бундеслигата по поразот од Мајнц.

Од летото тој е без тренерски ангажман, а претходно беше поврзуван со бројни европски клубови, додека најконкретно се зборуваше за преземање на Вест Хем. Меѓутоа, сега се појавија уште некои неочекувани информации.

Иранските медиуми јавуваат дека претседателот на Персеполис, Реса Дервиш веќе започнал преговори со Терзиќ.

Персеполис е најпопуларниот клуб во таа земја и во последните осум сезони освои седум титули. Сезонава моментално се на третото место со пет бода помалку од лидерот Сепахан, а Терзиќ е еден од главните кандидати за пресврт на ситуацијата.

Се вчитува...