Фудбалерите на Џенова се вратија на победите во италијанскиот шампионат откако денеска славеа на гостувањето кај Емполи со 10-2 во натпревар од 18. коло од новата сезона во Серија А.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Бадељ во 46. минута. Домаќините имаа шанса да израмнат на 1-1 во 54. минута, но Еспосито не реализираше пенал. Казната стигна во 68. минута кога Екубан зголеми на 0-2. До крајот домаќините преку Еспосито сепак успеаја да го ублажат поразот 1-2.
⚽️ GOAL: Ekuban has given double lead to Genoa
🇮🇹 | Empoli 0-2 Genoapic.twitter.com/wAYtbzveLL— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 28, 2024
До победа стигна и Парма која на домашен терен славеше над Монца со 2-1. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Хернани во 56. минута. На 1-1 израмни Переира во 85. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Валенти во 98. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

