Гвардиола се помири: Нема шанси да ја освоиме титулата

Победата на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола со 2:0 над Лестер, одбележа голем ден во неговата кариера и за клубот – 500-ти пат кога го предводеше Сити на официјален натпревар.

Тоа беше само втора победа на Сити во последните десет натпревари во Премиер лигата, го врати на петтото место, но „граѓаните“ се предалеку од лидерот во лигата Ливерпул – неверојатни 14 бода.

Премногу сме далеку од освојување на Премиер лигата“, изјави Гвардиола за Би-Би-Си.

„Го прифативме фактот дека немаме шанси за титулата, но мораме да се бориме за нешто на други фронтови, во ФА Купот, да бркаме место во најдобрите четири екипи во лигата… За почеток, помага кога победувате “, изјави Гвардиола.

„Олеснување е најдобриот збор да го опишам чувството сега. Порано правевме големи работи, освојувавме титули, а сега се бориме да победиме“, вели менаџерот на Сити.

Се вчитува...