Хрватскиот чувар на мрежата, Доминик Ливаковиќ е пред трансфер на кариерата откако желба за негов ангажман изразил Баерн Минхен кој во него гледа идеална и долгогодишна замена за Мануел Нојер кој е пред крај на блескавата кариера.
Ливаковиќ има „тон“ искуство зад себе, првенствено поради настапите со хрватската репрезентација на големите настани, добро знае како да остане мирен во клучни моменти, а во полза му е и тоа што има само 29 години.
Според турските медиуми овој трансфер е блиску до реализација па затоа и Фенербахче веќе започнал да ја бара неговата замена.
Интересно, Баерн Минхен не е единствениот клуб кој се распрашува за услугите на Хрватот бидејќи постои интерес и од Шпанија и Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА