Челси е во криза, пораз и од Ипсвич

Челси до пред десетина дена важеше за главен ривал на Ливерпул во трката за титулата, но работите се сменија во последните три рунди, во кои тимот на Енцо Мареска освои само еден бод.

По ремито со Евертон, „сините“ пред неколку дена загубија на домашен терен од Фулам со 1-2, за вечерва кризата уште повеќе да се продлабочи со поразот од новиот премиерлигаш Ипсвич. Мареска експериментираше и почна со Нкунку и Жоао Феликс во нападот, но брзо стана јасно дека Челси ќе има тешка задача. Ипсвич поведе со пеналот на Делап, а по неколкуте промашни шанси на гостите од Лондон следеше нова казна.

Дисаси почетнички ја загуби топката на средината од теренот, а Ипсвич тргна во одлиочен контранапад што Хачинсон го претвори во гол на асистенција на Делап. Мареска тргна во целосна офанзива, но Челси делуваше немоќно, се мачеше и да создаде шанса, камоли да постигне гол и Ипсвич на крајот стигна до својата трета овосезонска победа во Премиер-лигата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...