Српскиот кошаркар Никола Јокиќ запиша феноменална партија предводејќи го Денвер до триумф на гостувањето против Јута со 132-121, доаѓајќи и до 15.000 поени во НБА кариерата.
Јокиќ мечот го заврши со „трипл-дабл“ од 36 поени, 22 скока и 11 асистенции, а имаше и четири украдени топки.
Србинот дојде и до 15.000 поени во својата НБА кариера.
Интересно, на натпреварот со „трипл-дабл“ заврши и Расел Вестбрук со 16 поени, 10 скока и 10 асистенции. Одличен беше и Мареј кој имаше 20 поени и 10 асистенции. Во составот на Јута, Кларксон реализираше 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА