Договорот на Кристијано Роналдо со Ал Наср завршува на крајот на сезоната, а и покрај тоа што самиот португалски ас изјави дека е задоволен во Саудиска Арабија и не сака да замине од клубот, во светот на фудбалот има разни мислења за кој треба да биде неговиот следен предизвик.
Според Вест Браун кој добро го познава од времето поминато во Манчестер Јунајтед тој треба да замине во првенството на Соединетите американски дражави и да го врати ривлството со Лионел Меси.
„Кристијано Роналдо мора да замине во Америка, особено поради тоа што таму е и Лионел Меси. Го гледав Роналдо како игра неколкупати и беше на добро ниво, тој постигнува голови и изгледа толку фит за неговата возраст, сè уште спринта на 40 години. Тој сака да игра онолку долго колку што може и е играч кој може да избере каде сака да игра следно.
Тој нема да ги закачи копачките во скоро време и ќе продолжи да руши рекорди. Тој беше на неколку места сега и би сакал да го видам да ја додаде Америка на списокот. Тој во последно време постигнува повеќе голови од Меси и би било прекрасно повторно да се видат како ривали“, вели Браун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА