Премиерлигашот Астон Вила е блиску до ангажман на Дониел Мален, пренесуваат британските медиуми. Клубот и фудбалерот веќе постигнале договор за личните услови па останува уште да се договори трансфер сумата со Борусија Дортмунд.
Германскиот бундеслигаш ја одби понудата од 18 милиони евра за неговите услуги, но преговорите продолжуваат. Борусија Дортмунд очекува понуда во околината од 30 милиони евра, која и беше издвоена за негов трансер и се очекува и да биде издвоена од Англичаните.
Мален ја засили Борусија Дортмунд во 2021 година од ПСВ Ајндховен. Досега настапи на 131 натпревар за германскиот тим во сите натпреварувања и забележа 39 голови и 20 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА