Легендарниот Патрик Клајверт има нов предизвик, станува селектор

Поранешниот легендарен холандски фудбалер, Патрик Клајверт прифати нов предизвик во тренерската кариера. Тој влегува во селекторските води и во иднина ќе биде предводеник на репрезентацијата на Индонезија.

Договорот кој ќе биде потпишан на две години се очекува да биде официјализиран на 12. јануари во Индонезија.

Индонезија во моментот е на третата позиција во групата „Ц“, а целта со Клајверт е пласман на Светското првенство во 2026 година кој може да биде достигнат и преку разигрувањето, доколку оваа азиска држава не заврши на некоја од првите две позиции.

Се вчитува...