Легендарниот уругвајски фудбалер, Луис Суарез покажа дека не е херој само на теренот.
Големиот ас направи подвиг достоен за восхит во приватниот живот. Спречи маж да си го одземе животот. Суарез, кој моментално настапува за Интер Мајами, паузата ја искористи за да замине на одмор во родниот Уругвај. Наишол на човек кој закачил јаже на дрво и требало да се обеси.
Тој рекол дека ќе изврши самоубиство доколку неговата девојка не се појави. Таму случајно се појавил Суарез, кој по неколкучасовно убедување заедно со сопругата и неколку полицајци успеал да го оттргне човекот од таа намера.
Суарез за репрезентацијата на Уругвај одигра 143 натпревари и постигна 69 голови. Во блескавата кариера во Европа ги носеше дресовите на Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА