Играчот на Милан, Рафаел Леао доби многу критики од страна на поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано. По финалето на италијанскиот Суперкуп во кое Милан го победи Интер, Касано рече дека Леао не е доволно добар за да игра за седумкратниот европски првак.
Тој го нарече Леао „фолирант“ и дека не знае да игра тимски фудбал. Сепак, Португалецот влезе во игра и асистираше за победничкиот гол на Тами Абрахам, а потоа на социјалната мрежа „Икс“ го нарече Касано „кловн“.
Новиот тренер на Милан, Серхио Консеисао го пофали Леао по освојувањето на Суперкупот, но исто така истакна дека има уште работи на кои крилниот напаѓач треба да работи.
„Леао е феномен и ако промени уште неколку работи, на крајот од сезоната ќе биде еден од најдобрите играчи во светот“, изјави Консеисао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА