Борнмут импресионира со офанзивниот пристап и во оваа премиерлигашка сезона, но тренерот Ираола се соочува со сериозен проблем откако двајца напаѓачи заработија тешки повреди.
Еванилсон, кој летово пристигна како супер-засилување и ги оправда очекувањата на Борнмут, се здоби со скршеница на коска во стопалото. Врз Бразилецот пред неколку дена беше извршен хируршки зафат, а неговиот камбек на терените не се очекува пред почетокот на месец март.
Се очекуваше по повредата на Еванилсон позначајна улога да добие Енес Унал, но турскиот голгетер дефинитивно нема среќа. Тој на последниот тренинг на Борнмут заработи тешка повреда на лигаментите на коленото, па оваа сезона веќе е завршена за него.
Борнмут моментно се наоѓа на одличното седмо место на табелата, со само еден бод заостанување зад шампионот Манчестер Сити на шестата позиција. Овој тим во следното коло му гостува на Челси на „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА