Фудбалер на Бормут доживеа тешка повреда на тренинг

Напаѓачот на Бормут, Енес Унал, заработи тешка повреда на тренинг. Турскиот фудбалер ги повреди предните вкрстени лигаменти на денешниот тренинг, објавија од клубот.

Засега не е познато колку време ќе паузира Унал, но тој дефинитивно ја заврши сезоната. Ова е втор пат да се соочува со ваква повреда, бидејќи пред само само година и пол исто така ги скина предните вкрстени лигаменти додека беше фудбалер на Хетафе.

Турскиот напаѓач сезонава забележа 17 настапи и постигна два гола.

Се вчитува...