Манчестер Сити не блеска оваа сезона, а решението на моменталната криза на играта и резултатите „граѓаните“ го гледаат во Омар Мармуш.
Сити сериозно „загриза“ за талентираниот офанзивен играч за врска на Ајнтрахт Франкфурт. Преговорите се веќе започнати, а на Мармуш му се допаѓа опцијата да се пресели во Манчестер веќе оваа зима.
Мармуш веќе даде зелено светло за овој трансфер, останува Сити и Ајнтрахт да се договорат за обештетувањето. „Граѓаните“ се подготвени да понудат 50 милиони евра за египетскиот играч. Дали тоа ќе биде доволно за Ајнтрахт, со оглед на тоа што заврши само првиот дел од сезоната, останува прашање.
Мармуш на 15 натпревари постигна 13 гола и додаде осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА