Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тренерот Горан Кузманоски ќе има на располагање 20 ракометари, откако екипата ја напуштија Цветковски, Бошковски и Јовевски.
Ракометарите на скопскиот клуб ќе имаат пет проверки пред последните шест кола од регуларниот дел од сезоната. На меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Бутел Скопје ќе биде во групата А каде ќе се соочи со словенечкиот Марибор, домаќинот Босна и црногорскиот Рудар Плевља, плус уште еден меч за пласман. Турнирот се игра од 17. до 19. јануари.
По враќањето во Скопје, екипата ќе одигра уште еден пријателски натпревар против екипата на Врање на 31. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА