Поранешниот кошаркар на Партизан, Пи Џеј Доужер до крајот на сезоната би можел да потпише за Ефес, пишува „Баскет њуз“.
Пи Џеј на тој начин дополнително ќе ја засили надворешната линија која ќе се комплетира со Шејн Ларкин, Дариус Томпсон и Илајџа Брајант. Доаѓањето на Доужер може да биде клучно за Ефес, кој сезонава имаше многу подеми и падови, а во прилог на тоа оди и фактот што Лука Бјанки во вторникот на клупата го замени Томислав Мијатовиќ.
28-годишниот кошаркар ја напушти Минесота на крајот на декември и оттогаш е во потрага по нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА