Анџело Николовски е нов фудбалер на Македонија ЃП

Македонскиот фудбалски второлигаш Македонија ЃП го претстави своето прво засилување пред стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната. Се работи за Анџело Николовски, кој треба да ја пополни левата бековска позиција во тимот на Бобан Грнчаров.

Николовски е замена за Мите Цикарски кој се пресели во редовите на Вардар. Николовски во кариерата ги бранеше боите на Брегалница, Кит Го, Гостивар и Детонит.

Се вчитува...