Црвена Звезда се наоѓа во одлична позиција во Евролигата. Со 11 победи и осум порази белградскиот гигант е на шесттата позиција на табелата, позиција која носи место во плеј-офот, но за задржување на истата потребно е серијата на победи да продолжи и против дебитантот во првенството, екипата на Париз.
Предводена од македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, парижани се сензацијата на сезоната, во моментот се на четвртото место на табелата, но се наоѓаат и во лоша серија од четири порази едно по друго. Кошаркарите на српкиот тим се надеваат дека нивната серија ќе продолжи, исто како и онаа на францускиот, но за тоа потребна им е громогласна поддршка од полната сала, вели Немања Недовиќ.
„Играме на домашен терен, се надевам дека ова ќе биде натпревар во кој ќе ја имаме најдобрата атмосфера до сега. Верувам дека тоа го заслуживме по двете победи во Шпанија. Се надеваме на добар натпревар и победа. Мислам дека секој следен натпревар е многу битен овој месец, дека тука е пресвртницата на сезоната и ќе одлучи дали ќе бидеме на едната или на другата страна. Многу од тоа зависи од следниот натпревар со Париз.
Тоа екипа која игра многу брзо и атипично за денешната кошарка, но мислам дека знаеме начин на кој можеме да ги победиме“, изјави Недовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА