Македонскиот стратег Владимир Мирковски експресно ги демантираше написите дека неговиот следен ангажман во кариерата ќе биде АБА2 лигашот, Војводина, наследувајќи го Милош Исаков Ковачевиќ на „жешкото столче“ на клубот од северот на Србија.
Мирковски за ЕКИПА откри дека преговори за превземање на Војводина имало уште во минaтото, но не бил моментот за нов предизвик во кариерата па сто отстотниот фокус останува на ИБА Скопје, академијата на Мирковски која има соработка со легендарниот Жељко Ребрача.
„Имав преговори со Војводина уште во летото, но ништо не е конкретно. Фокусот ми останува на ИБА Скопје и академијата со Жељко Ребрача со која и во моментот имам обврски, три наши кошаркари активно тренираат и се на проба во Лирија во Словенија.
Соработката со Ребрача продолжува, но преку кошаркарскиот камп и заедничките тренинзи кои досега донесоа многу напредок кај нашите кошаркари“, изјави Мирковски за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА