Дејвид Мојс се враќа на местото на успехот

После отказот на Шон Дајч од Евертон, тимот од Ливерпул е во потрага по нов тренер. Според последните информации, главен фаворит за таа позиција е прославениот менаџер на оваа екипа, Дејвид Мојс.

Мојс беше во Евертон од 2002 до 2013 година, пред да замине во Манчестер Јунајтед. Потоа беше тренер и на Реал Сосиедад, Сандерленд, а од 2017 до 2024 година беше дел од Вест Хем, но на почетокот на оваа сезона си замина од тимот.

Сега повторно би можел да се врати во клубот каде мина 11 години. Со Евертон играше финале на ФА Купот во сезоната 2008-2009.

Се вчитува...