Барселона ги надмина проблемите со регистрацијата на Дани Олмо и на Пау Виктор, и двајцата ќе му бидат на распоалгање на тренерот Ханс Флик за финалето во Супер-Купот на Шпанија, и дуел со победникот помеѓу Реал Мадрид и Мајорка.
„Сапуницата“ Олмо и Виктор траеше неколку недели, и голема беше неизвесноста околу тоа дали Барселона ќе може да ги регистрира. Особено за Олмо, со оглед дека Барса за него плати 65 милиони пред шест месеци.
Сега се е веќе завршено, па Олмо и Виктор ќе може да играат. Се очекува да не почнат од почеток, но, особено Олмо, да добие шанса од клупата.
🚨 Dani Olmo e Pau Víctor, inscritos na #LaLiga. pic.twitter.com/FPzUhK7Zhf
— FC Barcelona (@fcbarcelona_br) January 9, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА