Милано без Димитријевиќ славеше над Макаби, Партизан „падна“ во Атина

Кошаркарите на Милано остварија убедлив триумф на гостувањето во Белград кај Макаби Тел Авив со 107-74, во 20. коло во Евролигата. Така италијанскиот тим дојде до 11-та победа во сезоната, колку што има и Барселона.

Кај гостите не играше Ненад Димитријевиќ, а тоа на крајот не се покажа како проблематично затоа што „блескаа“ Шилдс, Ледеј и Миротиќ, кои постигнаа по 18, односно по 17 поени.

Гостите од Милано во текот на целиот меч го имаа водството, кое само го зголемуваа, а особено разликата ја направија во последните две четвртини.

Европскиот првак Панатинаикос без поголеми проблеми го совлада Партизан со 96-84. Атинскиот тим влезе одлично во мечот, и ја доби првата четвртина со 23-13. Партизан се обиде да се врати во следните две, но никако не успеваше. Само што ќе се доближеше до шест поени разлика, повторно домашните со добра серија се одлепуваа, и така се до крајот. Во еден миг Панатинаикос имаше предност и од 23 поени разлика.

Нан од Панатинаикос беше најефикасен со 25 поени, а Браун кај Партизан го заврши мечот со 23.

Се вчитува...