Откако не се прослави со позајмицата во Легањес, Себастијан Халер оди на друга позајмица. Напаѓачот од Брегот на Слоновата коска вториот дел од сезоната ќе го мине во холандски Утрехт, објави неговиот клуб Борусија Дортмунд.
Халер дојде како замена за Ерлинг Халанд, но набрзо дозна дека боледува од рак на тестисите, па беше долго време на лечење. Откако успеа да се излекува, никако не успеа да ја врати старата форма, која ја имаше во Ајакс, каде беше меѓу најдобрите стрелци во Лигата на шампионите.
Халер има договор со „милионерите“ до крајот на сезоната, по што потоа како слободен може да го напушти клубот, што најверојатно ќе се случи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА