Екипата на Лајпциг во пролетниот дел ќе биде посилен за напаѓачот на Милан, Ноа Окафор. Швајцарецот доаѓа во Лајпциг како позајмен до крајот на сезоната, со право на откуп од 25 до 28 милиони евра.
Зделката е веќе договорена, и мнгоу скоро треба да се случи и промоцијата на овој фудбалер.
Во меѓувреме, Лајпциг бара начин како да го продаде Елиф Елмас, кој е на излезна врата од Германија и пред кам-бек во Италија во дресот на Лацио. Можна е позајмица до крајот на сезоната, а потоа откуп доколку дојде до договор со некој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА