Поранешниот голман на Ливерпул Лорис Кариус, кој ќе биде запаметен по големите киксови во финалето на Лигата на шампионите во 2017 година во Киев, пронајде нов клуб и се враќа во Германија.
Кариус, кој е без клуб откако го напушти Њукасл, за кого бранеше само на еден натпревар, во иднина ќе го чува голот на Шалке, кој настапува во втората Бундеслига. Кариус во минатото бранеше во Мајнц, а потоа замина во Ливерпул, каде беше од 2016 до 2022 година, а на позајмица настапуваше во Бешикташ и Унион Берлин. Пред две години се пресели во Њукасл, но ретко кога добиваше шанса.
Ова ќе биде враќање на Кариус во Германија после три години, откако сезоната 2020/21 ја мина на позајмица во Унион Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА