Кинескиот клуб Гуангжу Лунг Лајонс го суспендираа својот кошаркар Џанг Ксинглијанг (20) затоа што ја прошверцувал својата девојка во хотел во куфер за да преноќи со неа пред мечот со Кингдао. Девојката објавила фотографии од хотелската соба на кинеската социјална мрежа Веибо, како и онаа каде ја пикнале во мал црн куфер.
Таа подоцна ја избриша објавата, но веќе беше доцна. Ксинглијанг тврдел дека ја зел со себе за да и помогне да учи и да си ги заврши домашните задачи, но тоа оправдување не било доволно за неговиот клуб кој го суспендирал поради овој настан.
„Џанг Ксинглијанг, играч на кошаркарскиот клуб Гуангжу Лунг Лајонс, неодамна го привлече вниманието на навивачите и пријателите со своето недолично однесување на натпреварите на првиот тим“, објави клубот.
Wenn die Sehnsucht so groß ist, dass man seine Freundin einfach im Koffer mitnimmt – das dachte sich offenbar der 20-jährige chinesische Basketballer Zhang Xingliang, der für seine kuriose Aktion nun bestraft wurde. https://t.co/vuFsF4SqTf pic.twitter.com/MfR3geLvL4
— Kronen Zeitung (@krone_at) January 9, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА