Судбината на Вили Хернангомез во Барселона е под голем сомнеж. Шпанскиот центар беше во центарот на вниманието поради тоа што не одигра ниту една минута против Монако во Евролигата.
Според „Мундо Депортиво“, тренерот на каталонскиот клуб, Жоан Пењароха очигледно не смета на Хернангомез, што го наметнува прашањето дали неговите денови во „Блауграна“ се избројани.
Минатата недела имаше одлична партија во Париз кога постигна 23 поени, но оваа сезона просечно бележи 8,5 поени по натпревар во Евролигата. Тоа не се настапи кој го оправдува високиот договор што го има со Барса.
Каталонците викендов ќе играат со Гран Канарија, а следната недела има двојно коло во елитното натпреварување против Панатинаикос и Ефес. Останува да се види каква улога ќе има Вили на тие натпревари и неговата судбина во Барселона веќе тогаш може да се знае.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА